„Немој дедо Љубе, мене тоа ме боли!“ - старец со прст силувал 8-годишно девојче
Незапаметен случај на злоставување на дете се случил во Заплањска Топоница во општината Гаџин Хан на 23 јули минатата година, по што против Љубомир Д. е покрената истрага.
Обвинението кое го покрена Вишото јавно обвинителство во Ниш, го товари Љубомир Д. дека принудил девојче (8) на чин кој е изедначен со обљуба. Претходно девојчето го пратил до селската продавница да му купи и донесе пиво.
Тој е осомничен дека девојчето го фатил за рамо и насилно го втурнал од терасата во својата куќа.
-Го турнал девојчето на кревет, со една рака и ги држел нејзините две раце додека била во лежечка положба а со другата ракаи и ги соблекол бермудите и гаѓичките до колена и со средниот прст извршил пенетрација во половиот орган на малолетничката нанесувајќи и лесна телесна повреда, стои во обвинението.
Девојчето за случајот се доверила на својата мајка М.А. (34) која го познавала старецот кај кого претходно береле сливи.
Таа на мајката и рекла дека „има нешто да и каже“, но дека не смее на улица „да не им се смеат луѓето“.
Кога мајката слушнала што се случило, го однела детето кај докторка која потоа ја известила полицијата. Предадена е и гардеробата на девојчето. Со прегледот во Заводот за судска медицина е утврдено дека девојчето има повреди на гениталиите, по што Љубомир е притворен.
Мајката тогаш за „Блиц“ раскажа дека девочето по трауматичниот настан имало кошмари и во сон викало: „Немој дедо Љубе, мене тоа ме боли. Мајка ми ќе ме тепа. Ме боли, ме боли, пушти ме“.
По приведувањето старецот го негирал кривичното дело. Бидејќи се товари за кривично дело силување на дете, на Љубомир му се заканува затвор најмалку7 од 10 години. Судењето е затворено за јавноста.
Ново на Сител
-
Штипјанка пронашла делови од човечко тело за кои претпоставува дека се на нејзината мајка
-
Почина маж по пад од дрво, приведена неговата невенчана сопруга
-
АА: Братството со Србија го откри вистинското лице на оваа Влада
-
Ердоган: Нетанјаху ќе биде запрен како Хитлер
-
Царинската управа ќе работи на воспоставување на нов граничен премин Клепало
-
Музиката може да поттикне побрз раст и развој на растенијата
-
Јаневска: До крајот на мандатот услови за едносменска настава во сите училишта и ангажирање на 3000 вишок наставници
-
Фудбалски тим од третата грчка лига останал без опремата додека со траект патувал од Крит за Атина