-->
-->
Четири милијарди евра промет од онлајн трговијата во Грција
-->
- Онлајн трговијата во Грција регистрираше рекорден промет од четири милијарди евра, што е еднакво на 2 отсто од БДП на земјата.
На тематски состанок во Атина беше откриено дека онлајн трговијата во Грција расте и се повеќе и оти поголем број трговци почнаа да ги нудат своите стоки и услуги во онлајн продавници, кои во Грција се над 6.500.
Во таа земја има над три милиони онлајн корисниците. Оваа бројка се проценува дека е доста висока, со оглед на тоа што интернет корисниците се над седум милиони.
На средбата, исто така, беше истакнато дека и покрај растот на е-трговијата, Грците се плашат да плаќаат онлајн со кредитни картички поради фалсификување, измами и кражба на лични податоци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Без вода дел од стар Аеродром
-
МВР: Нормализиран протокот на граничните премини, не е точно дека е вратен стариот систем на контрола на ГП Блаце
-
Трамп објави царини од 30 отсто за Мексико и Европската Унија
-
Мицкоски за можна вмешаност на функционер од ДУИ во пожарите: Aко се потврди вина, ќе биде проблем за некои!
-
Битолчанец фрлил експлозивна направа на улица, оштетил седум автомобили
-
Автомобил без контрола се движел кон полицајци, дрвокрадци рипнале од него во движење
-
Припадникот на АРМ бил убиен бидејќи неговата ќерка одбила да се мажи со лицето кое пукало
-
OJO бара притвор за напаѓачот на Арсовска