Орав: Очекувам вечерва да биде постигнат договор
Евроамбасадорот Аиво Орав пред продолжението на разговорите за измените во изборното законодавство во Клубот на пратениците изјави дека има напредок во преговорите и оти очекува до вечерва да биде постигнат и договор.
- За жал не беше испочитуван крајниот рок како што претходно се согласија четирите партии околу изборното законодавство. Повеќе време моравме да потрошиме на Предолг-законот што беше поднесен вчера во Собранието, меѓутоа постигнавме договор со сите партии. Овој закон заедно со законот за заштита на „свиркачите“ да се вратат во Собранието се до 20 октомври. Ова е добар потег и со оглед дека има напредок во преговорите за Изборното законодавство очекувам до вечерва да биде постигнат и договор, изјави Орав за телевизија Телма.
Ново на Сител
-
Во Берово најстудено, температура под нулата
-
Струмичани ќе добиваат вода за пиење од апарати и канистри поставени низ градот
-
Собранието ќе ја започне 16. седница
-
Седница на Уставен суд
-
Првите 100 дена на новата Влада за власта успешни, опозицијата со серија критики
-
Папата Франциск побара прошка за сексуалната злоупотреба и третманот на жените во Црквата
-
Две експлозии во Копенхаген
-
Итна седница на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата на Блискиот Исток