Ердоган тужи пратеник од главната опозициска партија
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган поднесе тужба против истакнат пратеник од главната опозициска Народнорепубликанската партија (НРП), кој го нарекол „фашистички диктатор", изјави еден од адвокатите на Ердоган.
Портпаролот на НРП, Булент Тезџан, кој остро го критикуваше Ердоган, рече дека во Турција има „застрашувачка атмосфера".
- Поднесовме тужба за навреда на претседателот, напиша денеска на Твитер адвокатот на Ердоган, Хусеин Ајдин.
Коментарите на Тезџан предизвикаа остри реакции од претседателството и пратеници на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП). Портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин изјави дека говорот на Тезџан, исполнет со омраза, е „срам" за главната опозициска партија.
Навреда на претседателот во Турција се смета за кривично дело, за кое е предвидена казна затвор до четири години.
Ново на Сител
-
Стартна победа на македонските ракометари во квалификациите за ЕП 2026
-
Премиерот Мицкоски ќе учествува на Самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта
-
Во Собранието седница на три комисии
-
Земјотрес утрово е регистриран во близина на Скопје
-
Трамп освои 295 електорски гласови, Харис 226
-
Зеленски имал „одличен“ разговор со Трамп по победата
-
Обама му честиташе на Трамп: Нашите ставови не секогаш победуваат
-
Наутро студено, во текот на денот сончево со температури до 19 степени