Опозицијата на Косово собра 150.000 потписи со барање премиерот да го повлече потписот од Бриселскиот договор
Опозицијата на Косово собра 150.000 потписи од граѓани, кои го поддржуваат барањето премиерот Иса Мустафа да го повлече својот потпис од договорите постигнати меѓу Белград и Приштина во Брисел.
Опозицијата бара да биде поништен и договорот за определување на границата со Црна Гора.
Организаторите изјавија дека петицијата ќе ја испратат до косовскиот Парламент, до локалните институции, до Брисел и Вашингтон, а доколку барањето не биде исполнето ќе започнат со протести.
Премиерот Мустафа истакна дека не ги прифаќа барањата и нема да го повлече својот потпис од Бриселските договори.
Американскиот амбасадор во Приштина изјави дека САД ги поддржуваат документите потпишани во Брисел, вклучувајќи го и договорот за формирање Заедница на српски општини.
Ново на Сител
-
Голем бод за Македонија против Белгија
-
Паднати дрвја, заглавени возила, сообраќајни пречки и поплавени дел од улиците во Скопје
-
ЦУК: По невремето нема пријави за повредени лица, само материјална штета
-
Ванг Ји: Кина и Франција постигнаа консензус за решавање на трговските прашања
-
Православна читанка | Епископ Стобиски, г. Јаков | Неформално | Sitel Podcast 097
-
Рама: Албанија влегува во уште една престижна мапа на Европа
-
Германски генерал вели дека Европа може да ги поддржи воените напори на Украина и без САД
-
ЕУ не исклучува можност за одложување на спроведувањето на делови од Законот за вештачка интелигенција