Македонија
15. October 2017 - 10:32

Навреме почна и непречено се одвива гласањето во Кратово

Во општина Кратово денеска право на глас имаат 8.282 граѓани, кои ќе гласаат на 37 избирачки места, информира Општинската изборна комисија во Кратово.

- Изборните материјали се подигнати на време од страна на избирачките одбори, а сите избирачки места, вкупно 37, се отворени на време и гласањето се одвива непречено, информира Марија Петковска, претстедател на ОИК Кратово.

Во текот на вчерашниот ден своето право на глас го оствариле вкупно 103 болни и изнемоштени лица од општината, како и едно лице кое издржува казна затвор.