„Контрањуз“: Американците му веруваат на Ципрас
Политичката и воена елита на САД имаат доверба во Грција и нејзиниот премиер Алексис Ципрас, и во тој контекст договорите кои се очекува да се потпишат меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и Ципрас за време на неговата посета на Белата куќа на 17 окомври се од стратешко значење.
Ова го јави грчкиот весник „Контрањуз“ додавајќи дека според извори од Вашингтон, договорите кои ќе ги потпипшат двајцата лидери „ќе ја променат и рамнотежата во експлозивниот регион на Медитеранот“.
Вашингтон гледа на Грција како на земја на стабилност и безбедност во Средоземното Море и оваа оценка доаѓа во момент кога турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го води кон крајност конфликтот со Американците, пишува весникот.
- А од таа гледна точка не е исклучено кризата меѓу Турција и САД која се интензивира да доведе до целосна изолација на Ердоган, откако турскиот претседател почна да создава нови коалиции со учество на Владимир Путин, на Иран, Катар и дури на Хамас, во обид да добие улога во регионот, коментира „Контрањуз“.
Весникот додава дека „спротивно на него, американскиот претседател Доналд Трамп има целосна доверба во грчкиот премиер Ципрас, како и претходната американска администрација“.
Во текстот се наведува дека за време на владеењето на СИРИЗА, грчко-американските односи се доведени на најдобро можно ниво, и оти сега му се дава шанса на Ципрас да профитира од геополитичката позиција на Грција и да потпише исклучително важни договори во стратешки сектори на економијата на земјата.
- Присуството на Америка во Грција може да ја зајакне безбедноста на земјата во однос на Турците и да ги зголеми инвестициите. Американците се подготвени и да дадат знак за помош на Грција, а паралелно со тоа и да извршат притисок врз Европејците, за да донесат одлуки за намалување на грчкиот долг, што е неопходен предуслов за рестартирање на грчката економија, пишува „Контрањуз“.
Ново на Сител
-
Предлогот за гувернер денеска нема да биде доставен до Собранието, ќе биде познат следниве денови
-
Изминатиот викенд 1363 сообраќајни прекршоци, 389 за брзо возење
-
„Пајакoт“ отстранил 103 непрописно паркирани возила изминатата недела на територијата на Општина Центар
-
„Инфлуенсерката“ убиена во видео во живо, била застрелана од платен убиец
-
Возач од тетовско управувал возило со 111 км/час на место каде е дозволено 50 км/час
-
Ди Марија ја напушта Бенфика
-
Италијанецот Стано го собори светскиот рекорд во брзо одење на 35 километри
-
Алкараз го совлада Синер за прва титула во Рим