Македонија
11. October 2017 - 13:19

Премиера на филмот „ Ах љубов моја“ во Гевгелија

Во празнична атмосфера  вечер пред гевгелиската публика премиерно ќе биде прикажан филмот „Ах љубов моја“ во режија и сценарио на Коле Ангеловски, што спаѓа во рангот на љубовни комедии.

За своето најново филмско остварување, што предизвикува голем интерес кај гевгеличани, авторот Ангеловски вели дека го направил по сценарио и приказна за љубовта гледана од хумористичен аспект.

-Направивме филм кој публиката ќе сака да го гледа, ќе ужива во него и ќе биде среќна по неговата проекција. Во него главно играат млади актери, повеќето дебитанти, и мислам дека одлично се снаоѓаат пред филмската камера, рече Ангеловски во пресрет на гевгелиската премиера на филмот, што е сниман на повеќе локации во Македонија,претежно во Скопје и Маврово.