Локализиран пожарот во трговскиот центар во Москва, тројца повредени
Големиот пожар кој го зафати трговскиот центар за градежни материјали „Синдика“ во Москва синоќа е локализиран, а три лица се повредени во инцидентот.
Официјален претставник на пожарникарската служба истакна дека пожарот е локализиран на површина од 55.000 метри квадратни.
Според претходните информации, пожарот избил во подрум, а потоа се проширил на подземната гаража и делумно на покривот. Биле евакуирани над 3.000 луѓе.
Еден дел од покривот и ѕидовите се урнале, а анонимен извор тврди дека и неколку автомобили експлодирале во подземниот паркинг.
Околу 300 метри квадратни од кровната површина се урнале, а постои опасност и од натамошно уривање.
Во гаснењето на пожарот учествувале 290 пожарникари со 170 возила и три хеликоптери.
Засега не е позната причината за пожарот и во тек е истрага.
Ново на Сител
-
Лице од Скопје уапсено во Дебар бидејќи ја принудувал малолетната ќерка да питачи
-
Градоначалничката Арсовска нападната во Чаир при извршување на работни задачи
-
Косовскиот парламент не успеа да се конституира нитy по 45-ти пат
-
Куманово објави оглас за работно ангажирање на 30 пожарникари
-
ЦУК: Активни четири пожари на отворен простор, шест локализирани и два под контрола
-
29 надгробни плочи и споменици оштетени во рок од два дена на гробиштата во Ѓорче Петров
-
Кривична за наставничка од беровско која нападнала ученик
-
50-годишен маж пронајден со прострелни рани во Батинци, починал пред прием во болница