Драма во полициската станица во Битола: Полицаец нападнат пред колегите
Вчера а околу 21,00 часот во Секторот за внатрешни работи -Битола, униформиран полициски службеник вработен во СВР-Битола, физички бил нападнат од страна на Ѓ.Р. (1970) од Битола.
Имено, истиот ден униформираниот полициски службеник заедно со уште двајца унифомирани полициски службеници, по пријавена поплака на ул.„Борис Бастерот“, го барале лицето С.Ѓ., но откако не го нашле на наведената адреса, полицискиот службеник му се јавил телефонски и службено стапил во контакт со лице кое му се претставило дека е С. Ѓ., и му рекол дека треба службено да разговараат и дека против него има поплака, на што лицето му рекло дека не може да се најдат, дека е надвор од градот и дека ќе дојде друг ден.
По кратко време лицето С.Ѓ му се јавило на полицискиот службеник и му се обратило со зборови со заканувачка и недолична содржина, по што полицискиот службеник му го исклучил телефонот.
По кратко време, околу 21.00 часот, кога со колегите се вратиле во Секторот за внатрешни работи -Битола во ходникот, после нив по неколку минути влегол Р.Ѓ.и истиот без никаков разговор му се приближил на полицискиот службеник и со глава го удрил во пределот на устата, при што му нанел телесни повреди на устата и фрактура на забот.
Р.Ѓ.е приведен во Секторот за внатрешни работи -Битола и се работи на расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Делумното затемнување на Сонцето видливо од поголемиот дел од Европа
-
На аеродромот во Вашингтон избегнат судир на патнички и воен авион
-
Бенон: Трамп може да оди во затвор доколку во Белата куќа влезе демократски претседател
-
Вардар славеше во Битола
-
Бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар се искачи на 1.644, повредени се 3.408 луѓе
-
Ѓоковиќ: Многу сум благодарен што Меси дојде на мојот меч со семејството
-
Тешко повредена 21-годишна работничка во Кочани
-
Кралот Чарлс Трети упати сочувство до народот на Мјанмар поради жртвите во земјотресот