Леонардо ди Каприо со нов филм во трка по Оскарот
Инспириран од вистински настан, филмот „Повратник“ претставува возбудливо ремек дело кое ја прикажува епска авантура за преживување на еден маж и исклучителна моќ на силата на човечкиот дух.
Во експедиција во неистражени делови на американска дивина, легендарниот истражувач Хју Глас, кого во филмот го толкува Леонардо Ди Каприо, брутално го нападнала мечка, а припадниците на неговиот тим, предводени од Џон Фицџералд (Том Харди), го оставиле тешко повреден да умре во дивината.
Воден од силната волја како единствено оружје, во сурова зима и опколен од непријателски племиња, Глас се бори за живот, додека желбата за одмазда над довчерашните пријатели не стивнува.
Нема сомнеж дека овој филм ќе се трка за Оскар, а сите очекуваат дека Ди Каприо конечно во оваа улога ќе го добие толку посакуваниот Оскар за главна машка улога.
Во останатите улоги се јавуваат Домнел Глас, Вил Полтер и Лукас Хас. Режисерот и глумците се гаранција за врвната приказна, а дека ова исто така ќе биде и визуелно одличен филм гарантира и името Емануел Лубецки, награден со Оскар за филмовите „Гравитација“ и „Бирдман“.
Премиерата на филмот е најавена за почетокот на 2016 година.
Ново на Сител
-
Бадникова поворка во понеделник во Кавадарци
-
Манчестер Јунајтед го продолжи договорот со Мегваер до 2026 година
-
Агелер: Доказите за поранешниот вицепремиер Груби се на дофат на македонските власти
-
Тошковски со извинување до велешани за затворањето на мостот во Башино село , вели полицијата ќе обезбеди проток на сообраќајот
-
Од сабота до вторник ЈСП со неделен возен ред
-
Пронајдено телото на мажот кој настрада во синоќешната несреќа кај Рашче
-
15-годишен дилер од Скопје добил кривична пријава
-
Кривична за двајца скопјани за обид на убиство и помагање