Шпанскиот претставник: Денешниот настан не може да се нарече референдум
Претставникот на шпанската влада во Каталонија денеска ги пофали службите за безбедност дека дејствувале „професионално" за извршувањето на судското решение да се спречи референдум за отцепување на областа од Шпанија.
Делегатот на Мадрид во Барселона, Енрик Миљо и се заблагодари на Националната полиција и на Цивилната гарда за трудољубивоста „да бдеат над безбедноста на сите Каталонците и да ги гарантираат нивните права". Денешните настани во автономната област „никогаш не можат да бидат претставени како референдум или нешто слично", истакна Миљо.
Полицајците денеска пукаа со гумени куршуми во демонстрантите и навлегоа во избирачките места. Портпаролот на каталонската влада ги опиша овие акции како репресија и побара од Миљо да поднесе оставка.
Најмалку 50 лица се повредени во немирите, од кои 38 се здобија со полесни повреди во судирите со силите на редот во Каталонија, а има повредени и 11 полицајци.
Обвинителството на Шпанија ќе преземе мерки против „Мосос д'Ескуадра" (каталонската полиција), чии вработени не учествуваа во кампањата за спречување на референдумот за независност, пишува денеска шпанскиот весник „Паис".
Според извор од обвинителството, локалните полицајци не ја оправдаа довербата на судиите и обвинителите дека ќе ги исполнат нивните упатства.
Ново на Сител
-
Катар го суспендира воздушниот сообраќај како превентивна мерка
-
На граѓаните на САД во Катар им е препорачано да се „засолнат“ додека Иран најавува одмазда
-
Прогласена вонредна состојба на грчкиот остров Хиос поради пожарите
-
Трамп: Никој да не ги зголемува цените на нафтата
-
Истрага за насилство против татко и неговите два сина, од кои едниот малолетен
-
Евакуација на четворица македонски државјани од Израел
-
ДУИ и ВЛЕН застанаа зад САД за Иран
-
Истрага за семејно насилство во Батинци – тешко повреден маж, вмешани татко, син и малолетник