-->
-->
За среќа нема повредени, голем пожар синоќа во Кисела Вода
-->
Полицијата вчера околу 21 часот добила пријава за пожар на булеварот „Борис Трајковски“ во близина на ресторанот Амор.
Според пријавата, забележано било искрење на далеководите и чад, по што најверојатно од искрите биле опожарена автолимарска работилница и делумно зафатено од пламенот складиште за ПВЦ материјали. Повредени лица нема.
Командирот на скопската противпожарна бригада Звонко Томевски синоќа во изјава за Курир информираше дека на терен, во гаснењето на пожарот учествувале 8 пожарникарски возила и 12 пожарникари.
Причините за пожарот се очекува да бидат познати по завршување на увидот кој ќе се врши денес.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Георгиевски освои злато на Скопје Опен Г1
-
Трамп бесен на Путин
-
Протести против Маск ширум светот
-
Лишено од слобода лицето кое пукаше со пиштол во скопски Чаир
-
Одземено возило на турчин поради создавање голема бучава на „Партизански одреди“
-
Јаневска: Априлските плати во образованието повисоки за 7 проценти
-
Жена со нож ја нападнала деканката на Филозофскиот факултет во Ниш
-
Пет лица во Гази Баба нападнале двајца браќа со остри, метални и дрвени предмети