Спасовски на министерска конференција на земјите од процесот Брдо
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски учествува на Конференција на министри на земјите кои се дел од процесот Брдо, за воведувањето на системот на интегрирано управување со граничната безбедност.
Спасовски, како што информираат од неговиот кабинет, во своето обраќање на конференцијата, посочил дека механизмот на интегрирано управување со внатрешната безбедност ја обезбедува токму потребната синергија меѓу различните регионални иницијативи, осигурувајќи одржливост, регионална сопственост и еден сеопфатен пристап во постапувањето на сите национални администрации, но и на сите регионални рамки и постоечки инструменти и утврдени алатки.
- Секоја форма на соединување на сили во борбата против криминалот претставува чекор напред за сите нас, особено имајќи предвид дека овој вид соработка донесува на едно место експерти за одредена област, градејќи на тој начин мрежа меѓу националните органи, цврсто застанувајќи против криминалот и тероризмот на регионално и меѓународно ниво, рече Спасовски.
Посочил дека соработката меѓу земјите од регионот на Западен Балкан задолжително мора да биде придружена и со продлабочување соработката меѓу земјите од Западен Балкан и Европската Унија, од причина што првенствено, тоа би ја зајакнало врската меѓу приоритетите за членство на земјите од Западен Балкан во ЕУ, а воедно, со тоа и би се фокусирале и концентрирале сите чинители на дејствување од аспект на обезбедување поголема ефикасност.
Министерот Спасовски на маргините на Конференцијата оствари и билтерални средби со министерката за внатрешни работи на Република Словенија Весна Гјоркош Жнидар и министерот за внатрешни работи на Црна Гора Мевлудин Нухоџиќ.
На средбите, како што информираат од МВР, било разговарано за продолжување на соработката и заедничките проекти на полициите од регионот.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Ќе направиме сѐ што е потребно за економски и социјален препород на Кочани
-
УЕФА истражува четворица играчи на Реал Мадрид
-
Најмалку шест луѓе загинаа при потонување на туристичка подморница во близина на Хургада
-
Во текот на ноќта се очекуваат пообилни и интензивни врнежи од дожд на целата територија на земјата
-
Зеленски по самитот во Париз: Русија не сака мир, туку уште територија
-
Макрон: Не може да има укинување на санкциите за Русија пред да се воспостави мир во Украина
-
Синдикатот на УПОЗ со поддршка на ранетата службеничка и на вработените во ЦСР-Прилеп, најавеното обезбедување што побрзо да се реализира
-
Стартува новата авиолинија од Истанбул до Охрид