Напаѓачот на полицајците пред Бакингамската палата обвинет за тероризам
Човекот, кој со нож нападна и повреди тројца британски полицајци во близината на кралската Бакингамска палата во Лондон, е обвинет за тероризам.
Мохиусунат Чудури (26) од Лутон, град северно од Лондон, е обвинет согласно антитерористичкиот закон од 2006 година, за вклученост во подготовките за спроведување во дело акт на тероризам.
Според лондонските медиуми, обвинетиот Чудури наскоро треба да се појави на првото судско сослушување пред основниот суд Вестминстер во Лондон.
Нападот се случи минатиот петок, во доцните вечерни часови, но во иницијалната истрага полицијата и обвинителството не го третираа како тероризам.
Кралицата Елизабета, во време на инцидентот, не била во Бакингамската палата, која е службена резиденција на британскиот монарх.
Овој инцидент се случи по неколкуте терористички напади извршени годинава во Лондон и во Британија. Серијата напади започна со нападот со автомобил и нож на мостот Вестминстер и пред зградата на Парламентот, по што следуваа бомбашкиот напад во Манчестер и нападот со нож во лондонскиот кварт Бороу Маркет.
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
-
Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа
-
„Цитроен“ удрил во електричен тротинет, повредени двајца малолетници
-
РБГ: Расте индексот на слободата на медиумите во Македонија
-
Автобус падна во длабока провалија во Пакистан, најмалку 20 загинати и 21 повреден
-
СПМ: Гласањето на 8 мај е пресудно за иднината на државата
-
Приведени двајца дилери од Кичево
-
Приведена 50-годишна жена за кражба во продавница во Гостивар