Пратениците се враќаат на работа
Собранието на Република Македонија од денеска почнува со работа по годишниот одмор што пратениците го користеа од 18-ти месецов.
Според информациите објавени на веб страницата на Собранието, за денеска се закажани седници на Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање. На дневен ред се извештаите за работата на Управата за безбедност и контраразузнавање за 2016 година и на Агенцијата за разузнавање.
За денеска е најавена и средба на членовите на Комисијата за одбрана и безбедност со делегација на Парламентот на Велика Британија.
Пленарна седница е закажана за 4-ти септември на која пратениците треба да расправаат за Предлогот за огласување именување Јавен обвинител на Република Македонија.
По разрешувањето на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски, Владата на 22 месецов донесе заклучок да му предложи на Собранието на Република Македонија да го огласи именувањето Јавен обвинител на Република Македонија.
Постапката се спроведува согласно член 41 од Законот за Јавното обвинителство.
Ново на Сител
-
Не е вистина дека гори брод во Охридското езеро, демантира МВР
-
МВР со показна вежба на Охридското Езеро
-
ЦУК: До 18 часот 22 пожари на отворено од кои 14 се активни
-
Голем пожар во Националниот парк "Преспа" - Пустец, ситуацијата станува сериозна
-
Неуспешен 53-ти обид за конституирање на косовскиот парламент, следниот вечерва во 22:00 часот
-
Николоски: Во Гевгелија го пуштивме за употреба Западниот Булевар „Св. Климент Охридски"
-
Голем пожар избувна попладнево во близина на Струмица
-
Врвните светски параглајдеристи се натпреваруваат во Крушево