„Исламската држава“ ја презеде одговорноста за завчерашниот напад на нож во Брисел
„Исламска држава" ја презеде одговорноста за нападот со нож врз војници во белгиската престолнина Брисел, соопшти синоќа, преку мрежата „Телеграм“ пропагандниот орган на групата - новинската агенција Амак.
„Изведувачот на акцијата со нож во Брисел е војник на Исламска држава, кој ја изврши операцијата како одговор на повиците за напади против земјите од коалицијата", посочи Амак, мислејќи на антиџихадистичката коалиција предводена од САД, во која е и Белгија.
Во петокот, беше застрелан маж во Брисел, откако со нож нападна двајца војници. Инцидентот се случил околу 20.15 часот, по локално време, во центарот на Брисел, а напаѓачот, според наводите на бриселската телевизија РТБФ, за време на нападот врз војниците, извикувал „Алах Акбар“.
Белгиските медиумиј јавија дека стаува збор за Сомалиец (30), кој претходно не и бил познат на полицијата како лице поврзано со тероризам.
Белгиското обвинителство соопшти дека напаѓачот, откако бил застрелан од страна на војниците, им подлегнал на повредите.
Ново на Сител
-
Скопјанец ја повредил својата четиригодишна ќерка, предложен притвор
-
Израел го отвори воздушниот простор по американските напади врз Иран
-
11 наши државјани чекаат евакуација од Тел Авив, летовите ќе бидат обновени во зависност од безбедносната ситуација
-
Нетанјаху го поздрави Трамп за „храбрите напади“ врз иранските нуклеарни постројки
-
Две лица во Куманово го нападнале таксистот кој ги превезувал и не му платиле
-
Арагчи утре во Москва ќе се сретне со Путин
-
Три лица се претставувале како полициски служеници, па едниот од нив физички нападнал возач
-
Штипјанец под присила подигал брзи кредити, го продал својот мобилен телефон и крадел пари од својот татко