-->
-->
Млади тенисери од Македонија беа дел од тенискиот камп во Т.А.Живковиќ
-->
Тенисери и тенисерки на возраст од 8 и 9 години теникските школи во Неготино и Кавадарци, во периодот од 17.8 до 23.8.2017 присуствуваа на тениски камп во Тениска Академија Живковиќ, Ниш. Тенискака Академијата Живковиќ важи за една од најдобрите тенискиски академии на Балканот.
Децата во текот на еден ден имаа и по 4 часови тренинг (1.5 час работа на терен претпладне, 1 час кондициски тренинг попладне и 1,5 час работа на терен на крај од денот). Предводени од тренерот Ванчо Лазов, децата беа во следниот состав: Немања Стојановиќ, Филип Панов, Павел Мукаетов, Петар Мукаетов, Анастасија Манчева, Теодора Ефремова, Тијана Данаиловиќ.
- Можам да кажам дека сум презадоволен од она што го видов овде, начинот на работа и професионализмот во тимот на Живковиќ. Децата научија неколку нови техники и начини на работа, кои ќе продолжиме да ги практикуваме и во нашите школи – изјави Ванчо Лазов, главен тренер во Т.К. Неготино.
Задоволство искажаа и од раководните структури во клубот од Неготино.
- Само сакам да искажам голема благодарност до г-динот Никола Живковиќ и неговата тениска Академија, за склучената соработка,” – изјави Дејан Јованов, менаџер во Т.К. Неготино.
Успешната соработка беше поздравен и од страна на организаторот на кампот.
- Секогаш е добро кога се работи со деца кои се желни за работа. Овие тенисери и тенисерки се талентирани и ги охрабрувам да продолжат напорно на работат - изјави Никола Живковиќ, претседател и сопственик на Тениска Академија Живковиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Извештајот на Вајц утре пред европратениците, Скопје очекува силна порака за македонскиот идентитет и јазик
-
Исплатени над 9 милијарди денари за земјоделците
-
Американските демократи со критики за Трамп: Со наредбата за напад врз Иран го прекрши Уставот на САД
-
Седници на седум собраниски комисии
-
Нетанјаху: Израел е блиску до остварување на своите цели во Иран
-
Отчет за сработеното во првата година на Владата
-
Трамп: Доколку режимот не може повторно да го направи Иран голем, зошто да не биде сменет
-
Сончево и топло, следува период на значителен пораст на температурите