Фудбал
30. September 2015 - 8:44

ЛШ: Комплетирање на второто коло

Ланскиот финалист Јувентус слабата форма од домашното првенство ќе се обиде да ја поправи во Лигата на шампионите особено што вечерва на домашен терен ја пречекува Севиља. Но, и победникот на Лига Европа е во иста ситуација под притисок на слабите резултати од Примера позитивен резултат ќе бара во Торино.

Вечерва ќе бидат интересни и двата дуела на германските и англиските екипи: Манчестер Јунајтед - Волфсбург и Борусија Менхенгладбах - Манчестер Сити.

А група: Шахтјор – ПСЖ, Малме – Реал Мадрид.

Табела: Реал Мадрид 3, ПСЖ 3, Малме 0, Шахтјор 0.

Б група: Манчестер Јунајтед – Волфсбург, ЦСКА Москва – ПСВ Ајндховен.

Табела: Волфсбург 3, ПСВ Ајндховен 3, Манчестер Јунајтед 0, ЦСКА Москва 0.

Ц група: Астана – Галатасарај, Атлетико Мадрид – Бенфика.

Табела: Бенфика 3, Атлетико Мадрид 3, Галатасарај 0, Астана 0.

Д група: Борусија Менхенгладбах – Манчестер Сити, Јувентус – Севиља.

Табела: Севиља 3, Јувентус 3, Манчестер Сити 0, Борусија М. 0.

Со исклучок на дуелот Астана - Галатасарај кој почнува во 18 часот сите други се играат во терминот од 20:45 часот.