Летен музички камп за дувачки инструменти и камерна музика во Струмица
Струмица од утре ќе биде домаќин на седмиот Летен музички камп за дувачки инструменти и камерна музика, кој по Дојран, шест години по ред се одржува тука.
Менторот на Летниот музички камп проф.доц. Александар Гошев, вели дека четириесет студенти и ученици ќе следат часови по хорна, труба и флејта, како и настава за камерна музика.
- Седум години работиме со хорна, м-р Васо Ристов професор по труба, проф. Страше Темков е ментор по флејта, ние сите тројца предаваме камерна музика. Доколку ни дозволат финансиките можности сакаме да се прошираме во секој дел на дувачките и гудачките инструменти, вели проф.доц. Гошев.
Целта на кампот е усовршување на младите таленти, кои според него, Македонија ги има во изобилство.
- Целта ни е да докажеме дека во Македонија има добра школа. Имав искуство во септември, кога најдобриот хорнист во Берлинската филхармонија Штефан Хојт, одржа тричасовен семинар, по што ни оддаде признание за она што го работиме во педагогијата. Македонија има одлична музичка педагогија, но и одредени аномалии кои сакаме да ги надминеме на овој камп, додаде Гошев.
Отворањето на кампот почнува утревечер во 20 часот во Центарот за култура „Антон Панов“ со свечен концерт на лауреатите на Меѓународниот музички натпревар „Охридски бисери“.
Ново на Сител
-
Акциска контрола на СВР Скопје и Државниот инспекторат за транспорт, изречени 38 санкции
-
Биди храбар, успехот ќе се случи | Филип Поповски | Личен развој | Sitel Podcast 091
-
Определени мерки за претпазливост за шест од вкупно седум полициски службеници осомничени за пожарот во Кочани
-
Избрана е новата Влада на Србија, Ѓуро Мацут - нов премиер
-
Обвинителство: Се прибираат докази во истрагата за пожарот во „Пулс“, издадени наредби за вештачење на над 70 мобилни телефони и 30-тина компјутери
-
Шестмина полициски службеници за кои се бараат мерки за претпазливост во врска со пожарот во Кочани изведени пред судија на претходна постапка
-
Четворица осомничени за тешки кражби од објект на ЈП МЖ Инфраструктура – Скопје
-
Манифестација „Шарено велигденско јајце“ во штипскиот Центар за култура