-->
-->
Катар гради стадион со изглед на капа
-->
Организаторите на Светското првенство во фудбал, кое во 2022 година ќе се одржи во Катар, нема да штедат пари за изградба на инфраструктурата, со цел на светот да му покажат дека заслужиле да бидат домаќини на ваков планетарен настан.
Катарците ќе градат стадион со невообичаен изглед, кој ќе ја отсликува традицијата на оваа земја.
Стадионот „Ал Тумама“, се гради на шест километри од Доха, а ќе има облик на гафија (куфи) капта, која е дел од традиционалната машка обека во Катар.
Оваа капа, во катарската култура, кај мажите го симболизира премин на тинејџерите во светот на возрасните. Дел од носијата покрај оваа капа (гафија) се и гутра и агал, а сите тие ќе бидат вклупени во изгледот на стадионот.
„Ал Тумама“ е седми стадион кој се гради во Катар. Стадионот „Калифа“ е завршен пред неколку месеци, а во изградба се уште пет. Најголемиот од нив е „Лусаил“, кој ќе има капацитет од 83.000 места, додека „Ал Тамама“ ќе биде со капацитет од 40.000 седишта.
Инаку, капацитетот на овој стадион ќе биде преполовен по завршувањето на Мундијалот, кога горните трибини ќе бидат прилагодени за потребите на спортска клиника и хотел.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Скопје се одржа шестата Парада на гордоста
-
Сиљановска-Давкова прими Американци кои се на аџилак во земјава
-
На Табановце од македонска страна се чека околу 30 минути
-
Бугарија има јасен план за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година, соопшти бугарската Влада
-
ОЈО: Скопјанец осомничен за семејно насилство, предложен притвор
-
При претрес на началник во полициската станица пронајден солзавец и муниција
-
Две лица на возраст од 52 и 77 години пронајдени починати во своите станови во Скопје
-
Голем пожар во Хрватска меѓу Омиш и Макарска