Седмо издание на Фестивалот за народна култура „Пображење“ во Вевчани
Десетина културно-уметнички друштва и ансамбли на народни песни и игри учествуваат на Фестивалот на народна култура „Пображење“, што во организација на КУД „Дримкол“ од вечерва ќе се одржува во Вевчани.
Големата летна сцена во центарот на Вевчани наредните три дена ќе биде местото каде со своите песни и игри ќе се претстават културно-уметнички друштва од Македонија, Босна и Херцеговина, Словачка, Романија, Хрватска, презентирајќи дел од својата национална култура и фолклор.
- Оваа година 300 уметници од Македонија и странство ќе го слават и фолклорот, традицијата, уметноста. Фестивалот за народна култура „Пображење“ веќе е препознатлив на културната мапа на Македонија, одлично прифатен од населението, а редовно посетуван и од туристите кои летуваат на охридско-струшкото крајбрежје. Тоа е целта, среќни сме што успеваме да ја постигнеме, а од година во година и зголемиме, изјави Тошо Чочороски, претседател на КУД „Дримкол“ од Вевчани.
Во рамки на фестивалот оваа година ќе се одржи и работилница за традиционално пеење предводена од Велика Стојкова - Серафимовска, етномузиколог при Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ во Скопје.
Програмската содржина по која ова фестивалско издание ќе го прави поразлично од претходните е и присуството на повеќе уметници во селото кои за време на фестивалот ќе сликаат дела на тема „Народната култура во Вевчани, инспирација за ликовните уметници“. Меѓу нив е и уметникот Сајет Дарвиш од Париз, Франција.
Фестивалот за народна култура „Пображење“ се одржува со финансиска поддршка на општината Вевчани и Министерството за култура.
Ново на Сител
-
Папата Франциск кратко се појави на балконот на базиликата Св. Петар за благословот Урби и Орби и им го честиташе Велигден на верниците
-
Прегазен малолетник во Делчево
-
Матарела во велигденската порака: Велигден нека биде поттик за дијалог, единство и утеха
-
Министерство за одбрана на Русија: Украинските сили го прекршија велигденското примирје
-
Сеул и Вашингтон идната недела ќе разговараат за трговските царини воведени од Трамп
-
Митрополит Петар: Велигден е живо присуство на Божјата сила која секогаш е со нас
-
Четворица фудбалери на ФК Гостивар приведенни за напад на полицајци по мечот со Струга
-
Пукање пред хотел во Берлин, едно лице е повредено