Постојано имате кавги во домот - еве како да проверите дали има негативна енергија
Негативната енергија во вашиот дом може да ви донесе само зло, никако ништо добро. Освен тоа, таа и тоа како влијае на расположението - предизвикува нервоза, депресивно чувство, тага, песимизам...
Многумина велат дека доцна сфаќаат дека им се случуваат негативни работи само поради лошата атмосфера во сопствениот дом. Некои од нив велат дека дури подоцна го вратиле филмот во главата и сфатиле дека расположението драстично им се расипало оној момент кога зачекориле во куќата - и така секој пат.
Негативната енергија во куќата можат да ја внесат луѓето кои во неа живеат, но и повремени посетители, можеби соседи, или ја внеле луѓето кои некогаш живееле таму. Таа се впива во сите делови од домот, а знае да се акумулира и на некои тешко достапни места.
Еве како можете да откриете дали има негативна енергија во вашиот дом:
-Земете обична проѕирна чаша и во неа ставете третина сол, третина алкохолен оцет и третина вода.
-Ставете ја чашата таму каде што мислите дека негативната енергија е најјака.
-Нека чашата биде сокриена, така да никој не ја допира или поместува.
-Оставете ја на тоа место 24 часа.
-Потоа проверете ја чашата - дали е онаква каква што сте ја оставиле?
-Ако сè изгледа исто, тоа покажува дека немате негативна енергија во таа просторија.
-Повторете ја постапката во друга просторија.
Знаци дека негативната енергија постои и како да ја исфрлите:
-Ако во чашата забележите некои дамки или многу меурчиња, тоа значи дека во таа просторија постојат енергетски проблеми. Во тој случај повторувајте ја постапката додека исчезнат знаците на негативна енергија, додека водата во чашата не биде иста каква што сте ја оставиле.
-ВАЖНО! Водата секогаш истурете ја во тоалет и веднаш пуштете вода. Тоа целосно ќе ја исчисти негативната енергија која се насобрала во вашата куќа, пишува Атма.
Ново на Сител
-
Во Скопје се одржа шестата Парада на гордоста
-
Сиљановска-Давкова прими Американци кои се на аџилак во земјава
-
На Табановце од македонска страна се чека околу 30 минути
-
Бугарија има јасен план за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година, соопшти бугарската Влада
-
ОЈО: Скопјанец осомничен за семејно насилство, предложен притвор
-
При претрес на началник во полициската станица пронајден солзавец и муниција
-
Две лица на возраст од 52 и 77 години пронајдени починати во своите станови во Скопје
-
Голем пожар во Хрватска меѓу Омиш и Макарска