Решен проблемот со водоснабдувањето во село Калиманци
Проблемот со обезбедување чиста и здрава вода за пиење кој со години беше присутен меѓу жителите од виничкото село Калиманци конечно е решен. Комуналното јавно претпријатие „Солидарност“ од Виница инвестираше во нова бушотина која е со доволна издашност на вода за да ги задоволи потребите на 120 жители од ова виничко село.
- Високите температури ги пресушија изворите во селото па така проблемот со обезбедување чиста вода за пиење за жителите од село Калиманци го обезбедувавме преку цистерни. За последните неколку месеци во селото беа испорачани над 30 цистерни со вода, со цел да се задоволи потребата од вода како за жителите така и за добитокот. Со сопствени средства од 70 илјади денари и со наша работна рака и механизација обезбедуваме вода од новата бушотина во селото, со што добивме квалитетна и исправна вода за пиење, изјави Игор Спасовски, директор на КЈП „Солидарност“ од Виница.
Проблемот со квалитетна вода за пиење во уште неколку населени места во општина Виница КЈП „Солидарност“ од овој град ќе го решава со изградба на филтер станица во село Трсино.
Ново на Сител
-
Зголемен бројот на странски турсити, намален на домашните
-
Синер: Титулата на Вимблдон е остварување на сонот
-
Нетанјаху му ветил на министерот Смотрич, по 60-дневниот прекин на огнот во Газа, ќе се врати во војната за да го уништи Хамас
-
Една од најславните епопеи: Битката на Ножот - 118 години
-
Во градинките и центрите за ран детски развој лани биле згрижени 37 871 дете
-
ЦУК: Активни пет, изгаснати 19 пожари
-
Биткоинот за првпат во историјата над 120.000 долари
-
Продолжува амандманската расправа за ребaлансот на Буџетот