Судири меѓу саудиските безбедносни сили и шиитски милитанти
Стотици лица побегнаа досега од градот Авамија во саудиската Источна Провинција, по повеќенеделните судири меѓу безбедносните сили на Саудиска Арабија и локални вооружени шиитски групи.
Се претпоставува дека во судирите, што почнаа во мај годинава, досега се убиени најмалку седум лица и двајца полицајци.
Непријателствата избувнаа откако властите се обидоа да го урнат Стариот кварт во градот, изграден уште пред 400 години, тврдејќи дека неговите тесни улички ги користат шиитските милитанти за да избегаат и да се кријат.
Локални активисти, меѓутоа, ги обвинуваат властите дека со примена на насилство се обидуваат да ги протераат од градот жителите шиити.
Според западните медиуми, станува збор за најновата ескалација на спорадичниот бунт во саудиската Источна провинција, која главно е населена со шиитско население.
Активистите на кои се повикуваат медиумите тврдат дека саудиските безбедносни сили пукаат по зградите и автомобилите без да има потреба за тоа, па многу станбени објекти се разурнати или тешко оштетени.
- Луѓето повеќе не излегуваат од своите домови, стравувајќи дека на улиците може да бидат застрелани од снајперисти, тврдат жители на Авамија.
Тие обвинуваат дека властите им ја прекинале водата и ја исклучиле струјата за да ги натераат да се иселат.
Источната провинција во Саудиска Арабија е една од најбогатите области во земјата поради резервите со нафта.
Антивладини демонстрации избувнаа во провинцијата во март 2011 година, како дел од „арапската пролет“, а потоа и во 2016 година, по екзекуцијата на популарниот шиитски верски лидер Нимр-ал -Нимр.
Ново на Сител
-
ЦУК преку СМС порака известува за кризната состојба прогласена за пожарите
-
Рјабков: Русија и САД наскоро ќе се договорат за нова рунда преговори
-
ЦУК: Активни девет пожари, под контрола четири
-
ОН: Јуни годинава е месец со најмногу цивилни жртви од почетокот на војната во Украина
-
МНРиНТ со осуда на изјавите на Георгиев, во Министерството повикан на разговор бугарскиот амбасадор Радуков
-
Прогласена елементарна непогода во пет градови и 11 општини во Србија поради пожари
-
Нова дигитална услуга на МВР: Уверение за жителство за моментална адреса на живеење
-
Уапсени две лица од Куманово, палеле кабли на дива депонија