Обама изрази увереност за целосно искоренување на екстремната сиромаштија во светот
Американскиот претседател Барак Обама изрази увереност дека е можно целосно искоренување на екстремната сиромаштија во светот, пренесува ДПА.
Ние можеме да ја спречиме бедата, луѓето и земјите може да постигнат просперитет, истакна Обама во обраќањето на затворањето на Самитот за одржлив развој во седиштето на ОН.
- Денеска го потврдувам ангажманот на САД за постигнување на целите за одржлив развој, вклучително искоренување на екстремната сиромаштија во светот, истакна американскиот претседател.
Според Обама многу од сегашните кризи можеле да бидат избегнати, ако земјите инвестирале во своите граѓани и ако богатите држави биле подобри партнери. Претседателот на САД повика за подобро управување, зголемување на правата на жените, пристап до образование и спречување на социјалната нееднаквост во светот.
Обама се заложи, дека ќе се бори за решавање на социо-економските проблеми во разни области, вклучително здравството и образованието до крајот на својот мандат и долго откако ќе престане да биде претседател.
Од седиштето на ОН американскиот претседател повика за постигнување на силен договор за климата на конференцијата во Париз во декември годинава. Обама нагласи дека климатските промени се закана за развојот. - Сите земји ќе бидат засегнати од климатските промени, но најпогодени ќе бидат најсиромашните држави, истакна тој.
Ново на Сител
-
66-годишен маж пронајден починат во својот дом во Центар
-
Ограбена црква во подрачјето на Центар во Скопје
-
Велика Британија воведе уште сто санкции против Русија
-
Во Шпанија во прекин телефонската комуникација поради дефект
-
Минималните трошоци во мај зголемени за 1.217 денари, од ССМ бараат раст на платите
-
ВМРО-ДПМНЕ: Договорот со Обединетото Кралство ќе ја трансформира државата
-
Лишено од слобода едно лице од Неготино поради сомнение за „криумчарење мигранти“
-
Сиљановска-Давкова не го открива името на идниот гувернер, вели дека веќе знае кој ќе биде тој