Богов: Засега не се планираат нови мерки за заштита од грчката криза
Народната банка на Република Македонија засега не планира дополнителни мерки за заштита на македонските банки од грчката криза, изјави гувернерот Димитар Богов.
- Ќе ја следиме солвентноста во грчкиот банкарски сектор и соодветно ќе реагираме, наведува Богов во изјава за Ројтерс по изгласаното „не“ на референдумот во Грција.
Претходно, Богов изјави и дека македонските банки немаат потреба од надворешна помош за да го превенираат евентуалното влијание од кризата во Грција, но додаде дека пристапот до инстументите за рефинансирање на Европската централна банка може да послужи како добра поддршка ако е потребно.
- Не очекуваме на Македонија да и биде потребна каква било надворешна помош. Веруваме дека домашниот банкарски сектор е отпорен, но секогаш е добро да се има отворени опции. Сепак, не е јасно дали инструментите на Европската централна банка ќе се применуваат и на земјите надвор од ЕУ. Ако се применуваат, тоа би била совршена поддршка, рече Богов.
Народната банка на Република Македонија на 28 јуни објави неколку заштитни мерки со привремен карактер поради кризата во Грција. Мерките со рок на траење најмногу од шест месеци, се однесуваат на ограничување на капиталните одливи од резидентите на Република Македонија (физичките и правните лица) кон грчките субјекти врз основа на новосклучени капитални трансакции, но не и на ограничување на одливите врз основа на пристигнати плаќања за веќе склучени капитални трансакции.
Мерките беа преземени по одлуката на Европската централна банка да го замрзне нивото на вонредна ликвидносна поддршка имајќи го предвид непродолжувањето на Програмата на ЕУ за прилагодување на Грција и ризикот за неизвршување од страна на Атина на отплатите по долгот.
Ново на Сител
-
Тепачка во бугарскиот Парламент поради одлуката за преминување на евро | ВИДЕО
-
Јадар во Србија меѓу 13 стратешки проекти на ЕУ со критични минерали
-
Трамп разговарал со Путин - не бил разговор што „ќе доведе до моментален мир“
-
Захарова: Западот е соучесник во украинските напади врз цивилни цели во Русија
-
Новите кадровски решенија на Владата на дневен ред на собраниска седница во понеделник
-
Побаран вонреден инспекциски надзор во врска со смртта на тригодишното детенце од Кавадарци
-
Париз домаќин на преговорите за трговија меѓу САД и ЕУ
-
Министерот Мисајловски во Брисел на состанок на министри за одбрана на НАТО