Ракиќ: Листа Српска за се ќе се консултира со Белград
Лидерот на „Листа српска“ Горан Ракиќ, изјави дека за секоја одлука на партијата, која тој ја предводи на Косово, ќе се консултираат со Белград, исто онака како што Албанците се консултираат со странските дипломати во Приштина, објави „Експрес“, повикувајќи се на „Новости“.
Тој додал дека следните денови „очекуваат консултаци со лидерите на албанските партии, а потоа ќе донесат одлука дали ќе бидат дел од новата Влада на Косово“.
Ракиќ вели дека се уште немаат заземено став која албанска политичка опција е поприфатлива за нив, но додава дека ни една одлука нема да се донесе без консултација и договор со Белград.
На забелешката дека тоа може да им пречи на евентуалните коалициски партнери тој изјавил дека сите ,па и албанските полтички лидери знаат оти опстанокот на Србите тука (во Косово) немало да биде без помош на Владата наСрбја.
- Не гледам причина зошто тоа да не биде така, уште повеќе што на високо политичко ниво се одржува и дијалогот на Приштина со Белград. И нам понекогаш не ни се допаѓа што албанските лидери често донесуваат одлуки во консултација со странските дипломати.Ние не можеме да влијаеме на тоа,но и тие не може да ги сменат нашите односи со Белград, изјавил Ракиќ.
Ракиќ,пренесува приштинскиот весник „Експрес“, посочил дека Владата на Србија преку Марко Ѓуриќ,им помага на Србите на Косово во борбата за нивните права,уште повеќе,како што рекол,во таа борба им помагал Претседателот на Србија, Алекдандар Вучиќ.
Ново на Сител
-
СДСМ: 100 дена изговори
-
ВО ЖИВО: Прес-конференција на премиерот Мицкоски
-
Токсини од стафилокока во бомбиците причина за труењето на 140 деца во ОУ „Ѓорѓија Пулевски“
-
Трендафилов: Нечовечки е да се зема плата од 22.567 денари
-
Намален бројот на студенти, покажува истражувањето на ЦГК
-
Вработени на патарина „Романовце“ не наплаќале на полицaјци | ВИДЕО
-
Гола статуа на Доналд Трамп поставена кај Лас Вегас
-
Рама по инцидентот: Политиката има моќ да сее но и да истребува