Тенис
11. July 2017 - 17:22

Вимблдон: Ѓоковиќ во четвртфиналето без загубен сет

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласира во 1/4 финалето на  Вимблдон откако во три сета го совлада Французинот Аријан Манарино со 6:2, 7:6(5), 6:4. 

За пласман во полуфиналето Ѓоковиќ во среда ќе се бори против Томаж Бердих против кого има 25 победи во 28 меѓусебни дуели но и пораз во 1/2 финале во Лондон. 
Ѓоковиќ досега нема загубен сет на турнирот.