-->
-->
Во Јемен регистрирани над 300.000 случаи на колера
-->
Во Јемен веќе се регистрирани повеќе од 300.000 случаи на колера, соопшти денеска Меѓународниот комитет на Црвениот крст.
- Загрижувачки. Веќе имаме повеќе од 300.000 сомнителни случаи, со 7.000 нови случаи дневно, напиша на Твитер регионалниот директор на Црвениот крст, Роберт Мардини.
Светскатата здравствена организација (СЗО) претходно соопшти дека на 7 јули имало регистрирани 297.438 сомнителни случаи на зараза и 1.706 починати лица. Вчера, меѓутоа, СЗО не ги обнови своите податоци, како што принципелно прави секој ден.
Портпарол на СЗО изјави дека информацијата се уште се анализира од страна на јеменското Министерство за здравство.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје поради натпреварот Македонија-Велс
-
Таравари: 20 пати го ризикувал животот за да спаси други, добредојде дома Јован, твојата приказна ќе живее вечно
-
Таравари:12 пациенти заминуваат на домашно лекување
-
Претреси во другиот објект на газдата на ПУЛС и службените простории на ДПИ во Кочани
-
Стефковски: Започнуваме со контрола на сите угостителски објекти и згради
-
Вчера казнети 667 возачи
-
Македонските кајакари одлично стартуваа во Европските купови и Југоисточната Европска Лига
-
ФФМ: Масев е разрешен, немаме информации за неговите лични постапки