-->
-->
ЕК: “Жешките точки” за прием на мигранти само во границите на ЕУ, не и на Балканот
-->
Европската комисија денеска појасни дека “жешките точки” што ќе се поставуваат, засега во Грција и Италија, а со цел прием и регистрација на мигрантите и бегалците, не се планира да бидат поставени надвор од границите на Европската унија, јави дописникот на МИА од Брисел. Тоа значи дека овие центри за прием на реките бегалци, и покрај тоа што Република Македонија и Србија се на главната рута на бегалците од Арапскиот свет, со потврда на неформалната Влада на Европската унија нема да се постават во овие земји што не се дел од Унијата.
- “Жешките точки” ќе егзитираат и ќе се поставуваат само границите на ЕУ и кај земјите-членки што се соочуваат со диспропорција на миграторски притисок и бегалци кои пристигнуваат на нивна територија. Овие точки ќе оперираат во рамки на ЕУ границите и во случајов засега тоа е во Грција и во Италија - појасни портпаролот на Еврокомисијата, Даниеле Росарио.
На прашањето што всушност се т.н. “жешки точки”, гласноговорникот на Комисијата, најпрво рече дека тоа се центри што ги поставува ЕУ и тимови на терен во земјите-членки со цел да го поддржат процесот на релокација. Според Росарио, нивна задача ќе биде ситее пристигнати емигранти и бегалци да се регистрираат, да им се земат отпечатоци и да превземаат други потребни чекори. Малку подоцна, портпаролот на Еврокомисијата се поправи и посочи дека “’Жешките точки’ ќе одат рака под рака со релокацискиот систем”, но дека “тие не се центри, туку тимови за поддршка”.
За најавата од Србија, која не е земја-членка на Унијата, дека ќе создаде “жешка точка”, портпаролот на Еврокомисијата истакна дека што и да прави оваа држава, дека тоа “сигурно не е ‘жешка точка’”.
Во однос пак на хрватско-српскиот спор со затворање на границите за промет на патници и стоки од страна на Хрватска, а поради напливот на емигранти и бегалци, портпаролката на Комисијата, Маја Коцијанчич, исткана дека Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини за овој проблем утринава разговарала со премиерите на двете земји, Зоран Милановиќ и Александар Вучиќ. Могерини, според нејзината портпаролка, им нагласила дека мора да се најде “конструктивен пристап и да се обнови протокот на стока преку граница” и дека “затоа, Еврокомисијата бара итно разјаснување од хрватска страна, бидејќи станува збор за итно прашање”.
Портпаролката Коцијанчич, исто така, потсети на изјава на Могерини дека “не смее да има претерана и дискриминаторска постапка кога станува збор за трговија и промет на патници преку граници”:
- Нашите први проценки покренаа сериозни прашања околу тоа дали хрватските ограничувања за слободен промет на граници се во согласност со Спогодбата за стабилизација и асоцијација на ЕУ и Србија и кога е во прашање трговската царинска унија на ЕУ и Србија. Токму затоа, ЕК итно побара разрешување од хрватката страна - појасни гласноговрничката на Комисијата.
А, во однос на почетокот на изградба на железна ограда на Унгарија кон Словенија, кои се двете земји-членки на Шенген-зоната и на Европската унија, Еврокомисијата посочи дека “ги следи настаните што се одвиваат и прво мора да утврди факти”, но, портпаролот Даниеле Росарио го цитираше претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер дека “градење на огради и ѕидови не е решение на проблемот со кој се соочува ЕУ”, па дека затоа, еврокомесарот за внатрешни работи и миграциски прашања, Димитрис Аврамопулсот е во контакт со словенечките и унгарските власти за разрешување на ова прашање.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Позитивни финансиски резултати на Алкалоид
-
Од моден дизајнер до државен првак во бодибилдинг | Катерина Попева | Sitel Podcast 083
-
Зеленски до Трамп: Само сакам да знам што ќе биде со Украина
-
Kривична против десет припадници на затворска полиција во затвор „Скопје“
-
Јаневска: Јавната расправа за концепцијата за гимназиско образование ќе трае цела година, системот од 1995 година не дава плод
-
Мицкоски: Македонија ќе биде земја со најголем број странски инвестиции по глава на жител во регионот
-
Поради појава на магла намалена видливост до 70 метри на Стража и во Крушево
-
Рубио: САД нема да дозволат Русија да стане „помлад партнер“ на Кина