„Мајкрософт“ ќе објави укинување на илјадници работни места
Корпорацијата „Мајкрософт“ ќе објави укинување на илјадници работни места во рамките на големата реорганизација на продажните тимови, со цел подобро да се фокусира на „клауд“ (cloud) сервисите, складирањето и он-лајн софтверските услуги.
Претставник на „Мајкрософт“ истакна дека компанијата извршува промени наменети за подобрување на услугите за клиентите и партнерите.
Се очекува деталите за овие промени да бидат соопштени во текот на следните денови, но специјализираните изданија за технологија оценуваат дека можно е компанијата да отпушти илјадници лица.
Минатата недела „Мајкрософт“ соопшти дека ја купува комапнијата „Клаудин“, што е специјализирана за „клауд“ сервисите.
Таквите сервиси служат за да им овозможат на корисниците да ги зачуваат нивните податоци во таканаречените „дата центри“ и да добиваат пристап на интернет до софтверски програми, наместо да ги купуваат и потоа да ги инсталираат на нивните компијутери.
Се очекува „Мајкрософт“ да ги објави финансиските резултати на 20 јули.
Во текот на последните неколку години компанијата неколкупати отпушти одредени групи на работна сила, со цел да се справи со неуспехот во областа на мобилните телефонски услуги.
Ново на Сител
-
Без вода дел од стар Аеродром
-
МВР: Нормализиран протокот на граничните премини, не е точно дека е вратен стариот систем на контрола на ГП Блаце
-
Трамп објави царини од 30 отсто за Мексико и Европската Унија
-
Мицкоски за можна вмешаност на функционер од ДУИ во пожарите: Aко се потврди вина, ќе биде проблем за некои!
-
Битолчанец фрлил експлозивна направа на улица, оштетил седум автомобили
-
Автомобил без контрола се движел кон полицајци, дрвокрадци рипнале од него во движење
-
Припадникот на АРМ бил убиен бидејќи неговата ќерка одбила да се мажи со лицето кое пукало
-
OJO бара притвор за напаѓачот на Арсовска