-->
-->
Воз со 250 патници излета од шините во САД
-->
Брз воз со повеќе од 250 патници се преврте во близина на местото Паџет Саунд во американската држава Вашингтон, при што се повредени поголем број лица, но ниту еден од нив нема сериозни повреди.
Возот на компанијата „Амтрак“ сообраќал на линијата меѓу Ванкувер во Канада и Јуџин во Орегон, а од шините излетал во близина на мостот „Чемберс Беј“ кај Стелкем,
- Сите патници веднаш се евакуирани, соопшти патничкиот сервис на „Амтрак“, наведувајќи дека сите патници за кратко време добиле алтернативен превоз.
Одделот за пожарникари и спасувачи информира дека од шините излетале првите четири вагони на возот, по што ја повлекле целата композиција.
Причината за несреќата се уште не е позната, а истрагата е во тек.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Поплавени куќи и улици во Тетово
-
Од детство во војна до пензија во независна држава | Атанас Костовски | Sitel Podcast 061
-
ЦУК: Можни излевања и проблеми во градовите ако има поројни дождови
-
Кривичен: Oдложени следните две рочишта за случајот со убиствата на Вања и Панче
-
Муниција и експлозив пронајдени во дом во Козле, поведена истрага против едно лице
-
Премиера на филмот што го однесе Алек Болдвин на судење за убиство
-
Кривична пријава против шест затворски полицајци за „овозможување бегство на лице лишено од слобода“
-
Поплави ширум Црна Гора