Катар доби уште 48 часа за прифаќање на барањата на арапските земји
Саудиска Арабија, Египет, Бахреин и Обединетите Арапски Емирати го одобрија барањето на Кувајт за продолжување на рокот што му беше даден на Катар за прифаќање на поставените барања.
При продолжениот рок, од 48 часа, Катар треба да одлучи дали ќе ги прифати 13-те барања на четирите земји.
Оваа одлука беше соопштена, откако Катар објави дека денеска ќе му ги предаде на емирот на Кувајт одговорите на барањата на четирире земји.
Меѓу барањата е вклучено и затворање на телевизијата „Ал Џезира“, на турската воена база што се наоѓа во Катар, како и ограничување на односите со Иран.
Претходно, кувајските медиуми јавија дека, емирот на Кувајт, Сабах ал Ахмад ал Џабер ал Сабах побара од Саудиска Арабија, Египет, Бахреин и Обединетите Арапски Емирати, кои го бојкотираа Кувајт, да го продолжат рокот на поставениот ултиматум. Не е наведено дали Катар го отфрли ултиматумот, како што се очекуваше.
Кувајт посредува меѓу Катар и четирите земји откако тие ги прекинаа врските со Доха, обвинувајќи ја за поддршка на меѓународен тероризам, како и дека е сојузник на нивниот регионален противник Иран.
Катар категорично ги отфрли обвинувањата како неосновани.
Катарскиот надворешен министер Мохамед бин Абдулрахман ал Тани нагласи дека целта на барањата е да бидат отфрлени.
Саудиска Арабија, Египет, Бахреин и Обединетите Арапски Емирати се заканија дека доколку Катар не ги исполни барањата, ќе му воведат дополнителни санкции.
Ново на Сител
-
Биткоинот достигна вредност од над 90,000 долари
-
Скопјанец осомничен за обид за убиство на подмолен начин
-
Тошковски: Ставањето во функција на „Безбеден град“ е со цел да се подобри безбедноста на патиштата и да се намали бројот на жртви
-
Во Кина студент со нож уби најмалку осум лица, рани 17
-
Измамена велешанка - И кажале дека и следуваат 20 илјади евра, па пратила 600 евра
-
Притворен малолетникот кој на автобуски станици во Карпош со нож повредил двајца малолетници
-
Мигранти влегле во камион без знаеење на возачот и се обиделе да влезат во Македонија
-
Пронајдена дрога во Скопје, приведени повеќе лица