Нимиц на средба со премиерот Заев
Специјалниот претставник на Обединетите Нации во разговорите меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц денеска ќе се сретне со премиерот Зоран Заев. Нимиц е во неколкудневна посета на Скопје на разговори со државниот врв за можностите за решавање на спорот за името.
Се очекува денеска амбасадорот Нимиц да се сретне и со министерот за надворешни работи Никола Димитров. Засега нема најавено други официјални средби.
Вчера попладне Нимиц имаше разговори со претседателот Ѓорги Иванов. На средбата, како што соопшти Кабинетот на Иванов, била разгледана актуелната состојба во разговорите за надминување на ова прашање. Македонскиот претседател порачал дека Република Македонија и натаму ќе учествува во процесот што се води под покровителство на ОН и истакнал дека е потребно да се создаде позитивен амбиент со цел подобро разбирање и почитување.
Претседателот Иванов, како што стои во соопштението, ја поздравил конструктивноста и фокусираноста на мерките за градење на доверба меѓу двете држави и повика на нивно проширување и внесување на нови содржини.
- Македонската страна со години наназад дава континуиран придонес и иницијативи во насока на градењето на доверба меѓу двете држави и двете општества. Неопходно е да се даде дополнителен импулс од двете страни во надминување на ова прашање, кое има суштинско значење за стабилноста и просперитетот на целиот регион, истакнал Иванов на средбата со амбасадорот Нимиц.
Во процесот кој се води во рамки на ОН, според Иванов, неопходно е стриктно придржување до рамката во која се водат разговорите - резолуциите на Советот за безбедност, Времената спогодба и пресудата од Меѓународниот суд на правдата во Хаг.
Во таа насока, претседателот Иванов ја потенцираше потребата од почитување на меѓународното право и доследност кон меѓународно преземените обврски.
Нимиц, како што соопшти прес-службата на ОН, во Скопје дојде на покана на македонската Влада со цел да се дискутира за начините за постигнување напредок во разговорите со посредство на ОН за изнаоѓање заедничко прифатливо решение за прашањето за името.
Во соопштението се додава дека на покана на Владата на Република Грција, предвидено е Нимиц да замине за Атина.
Специјалниот претставник на ОН во разговорите меѓу Македонија и Грција, последен пат ги посети двете земји на крајот на јули 2014 година.
Ново на Сител
-
Муртезани: Предвремени избори при стабилна влада се несериозни изјави за дневна политика
-
Бројот на загинатите во Либан од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хезболах е над три илјади
-
Дала воена информација на Русија: Украинка осудена на 15 години затвор под обвинение за предавство
-
Совет за безбедност: Состојбата во земјата е стабилна, надлежните институции редовно ги следат состојбите во државата
-
71-годишен маж од Делчево нападнал дете
-
Скопјанка нападната во казино во Шутка
-
Баба и млад скопјанец се судриле со автомобилите, па физички се пресметале
-
Горан Весиќ најави оставка од функцијата министер за градежништво на Србија