-->
-->
ЕЛ: Одбојкарите на Македонија по нови три победи во Тирана
-->
Македонската одбојкарска репрезентација со три победи го заврши првиот турнир од групата А во Европската лига. Но, за нашите одбојкари следуваат уште три натпревари во Тирана од петок до недела. Одбојкарската федерација на Македонија денеска организираше и прес конференција во пресрет на вториот турнир.
- На првиот турнир постигнавме три победи, а истото ќе се обидеме да го повториме и на турнирот во Албанија. Добро работевме и изминативе денови, важно е сите што сме здрави, а на репрезентацијата и се приклучи и Ѓоко Јосифов, истакна селекторот на Македонија Драгутин Балтич.
Капитенот Никола Георгиев очекува повторување на резултатите и нови три победи.
- Не очекував толку убедливи победи. Овој турнир ќе го искористиме и да се воиграме за „фајнл фор“ турнирот во Данска. Најважно е да не ги потцениме другите екипи и да ја играме нашата игра. Така ќе го избориме првото место. Не ја игравме нашата најдобра одбојка, но формата ќе се „крева“ со тек на натпреварите и секако со доаѓањето на Јосифов, особено што нашата игра ќе има друга димензија, изјави Георгиев.
На турнирот во Албанија нашата репрезентација во петок игра против Шведска од 15 часот, во истиот термин во сабота ривал ни е Азербејџан, а во недела од 18 часот играме против Албанија.
Македонската одбојкараска репрезентација утре наутро заминува за Тирана.
https://
.be
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата