Свет
19. јуни 2017 - 10:50

Вежби на НАТО во Полска за заштита на балтичките држави

Американски и британски војници ги одржаа првите поголеми воени вежби на НАТО на полско-литванската граница, симулирајќи активности при евентуален обид на Русија да ги отсече балтичките земји од останатите членки на Алијансата. 

Границата меѓу Полска и Литванија, долга 104 километри, минува низ земјоделски површини, шуми и ридести подрачја, позната како Сувалкскиот Коридор. Ако тој биде заземен од Русија, Естонија, Литванија и Летонија ќе биде отсечени од останатите сојузници на НАТО.

Во период од два дена американски хеликоптери и британски авиони учествуваа во вежбите, во кои беа вклучени војници од Полска, Литванија и Хрватска, симулирајќи заштита од потенцијална опасност. 

Русија потенцира дека нема никакви планови да навлегува во балтичките земји и дека НАТО се заканува на стабилноста во Источна Европа, со тоа што го зајакнува своето воено присуство таму и одржува такви вежби. 

Но, американскиот генерал Бен Хоџис, командант на силите на САД во Европа изјави дека е суштински НАТО да демонстрира дека е подготвен да дејствува и да им помага на сојузнуците да го држат отворен т.н. коридор. 

Во вежбите, кои се одржаа викендов учествуваа околу 1.500 војници.