„Блиц“: СНП нема мнозинство да ја изгласа Брнабиќ
Српската напредна партија и претседателот Александар Вучиќ имаат проблем во обезбедување мнозинство во Парламентот, кога станува збор за изгласување на Ана Брнабиќ за премиер, пишува весникот „Блиц“, наведувајќи дека поради тоа ќе биде одложена седницата на Собранието на Србија.
Вчера беше одржана седница на белградскиот одбор на СНП.
- Пред претседателот Вучиќ и партијата се појавија проблеми, кои се однесуваат на обезбедување мнозинство во Парламентот. Се наоѓаме во тешка ситуација околу формирањето стабилна мнозинска поддршка и цела недела ќе ја искористиме за обезбедување на тоа мнозинство, изјави за „Блиц“, функционерот на СНП, Небојша Стефановиќ.
Тој додаде дека со сигурност може да се каже дека седуммина пратеници на Единствена Србија ќе гласаат „против“, повеќето пратеници од СНП не се сигурни како ќе гласаат, а предлогот нема да го поддржи ниту Муамер Зукорлиќ.
Според него поради целата ситуација Вучиќ и СНП во текот на неделата ќе се занимаваат со зацврстување на мнозинството.
- Ако успееме да го обезбедиме мнозинството можеме да очекуваме дека седницата на Собранието, на која би требало да биде избрана новата премиерка ќе почне во текот на наредниот викенд, рече Стефановиќ.
Тој нагласи дека Вучиќ е одлучен и истраен во својот предлог, како и дека нема во никој случај да го менува, „бидејќи ова не е само прашање за поддршка на Ана Брнабиќ, туку и на Вучиќ“.
Во меѓувреме мандатарот за состав на Владата изјави дека најважно е да се обезбеди стабилно мнозинство во Собранието, кое ќе овозможи натамошно спроведување на започнатите реформи.
Брнабиќ во изјава за Танјуг истакна дека за неа лично ова е уште една потврда дека за претседателот Вучиќ интересот на Србија е на прво место и дека поради граѓаните тој е подготвен да ги менува работите во земјата.
Ново на Сител
-
Најмалку девет лица загинаа во самоубиствен бомбашки напад во црква во Дамаск
-
Рубио: Светот е побезбеден по американските напади врз Иран
-
На Богородица и Табановце од македонска страна се чека околу еден час
-
Скопјанец ја повредил својата четиригодишна ќерка, предложен притвор
-
Израел го отвори воздушниот простор по американските напади врз Иран
-
11 наши државјани чекаат евакуација од Тел Авив, летовите ќе бидат обновени во зависност од безбедносната ситуација
-
Нетанјаху го поздрави Трамп за „храбрите напади“ врз иранските нуклеарни постројки
-
Две лица во Куманово го нападнале таксистот кој ги превезувал и не му платиле