Двочасовен прекин на сообраќајот на патот Охрид-Кичево
На патниот правец А2 Охрид – Кичево (планински премин Пресека – с.Врбјани) поради изведување градежни работи на пат (минирање), денеска помеѓу 13:00 и 15:00 часот сообраќајот ќе биде во прекин во интервали од 15 до 20 минути.
Од Авто мотосојузот на Македонија информираат дека согласно Одобрението од Министерство за транспорт и врски од 3-ти септември годинава и известувањето од Мануфактура продукција за потребите за снимање на филм се воведува времена измена на режим на сообраќај на Делница 3 Автопат 2, кл.„Хиподром“-кл.„Сарај“ (Скопска обиколница) за денеска, 24, 25 и 28 септември од 07:00 до 19:00 часот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Ново на Сител
-
Тешка сообраќајка на патот Дебар-Маврово, двајца повредени
-
Сообраќајот непречено по наместа влажни коловози
-
Бернар Арно прв на листата на најбогати луѓе во светот, Маск на третото место
-
Драма во Кавадарци: 18-годишник нападнал полицајци кои се обидувале да приведат побегнат затвореник
-
Меси се запиша во историјата на МЛС лигата – Гол и пет асистенции
-
Австралиската полиција уби тинејџер поради напад кој укажува на тероризам
-
Одбележување на 5 Maj - Денот на македонскиот јазик
-
Православните верници го слават Велигден