Нобеловата награда за медицина за лекувањето паразитски болести
Ирецот Вилијам Кембл, Јапонецот Сатоши Омура и Кинеската Јују Ту се овогодишните добитници на Нобеловата награда за физиологија или медицина.
Тие се наградени за нови методи, кои го унапредиле лекувањето на паразитски болести, вклучувајќи ја и маларијата.
Половина од наградата и припадна на Јују, а останатата половина ја делат Кембл и Омура.
Лауреатите за Нобелова награда за физиологија или медицина се одредуваат од Кралскиот Каролински медицинско-хируршки институт во Стокхолм. Наградите се доделуваат од кралот на Шведска на церемонија во Стокхолмската концертна сала на 10 декември, на денот на смртта на основачот на Нобеловата награда Алфред Нобел.
Првата Нобелова награда за физиологија или медицина е доделена во 1901 година на Елим Адолф фон Беринг за неговата работа на серумската терапија, специјално во случаи на дифтерија.
Нобеловата награда во оваа област минатата година ја добија Американецот Џон О’Киф и норвешкиот брачен пар Меј Брит и Едвард Мозер за откривање на клетки, кои го сочинуваат позициониот систем во мозокот.
Меѓу попознатите добитници на Нобеловата награда за медицина се Иван.П Павлов, Роберт Кох, Александар Флеминг, Џорџ Бидл, Едвард Тејтем, Џошуа Ледрберг...
Ново на Сител
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи