Живот
5. September 2016 - 15:47

НЛО се појави над Малезија, граѓаните во паника

Снимка од летачка чинија, за која се тврди дека е од вонземјани, се појави на интернет и по првпат се чини дека леталото навистина дошло од друга планета.

Снимката се појави во местото Куала Кари, и освен леталото на снимката може да се слушне и врескање на една жена која ја гледа летачката чинија слична на оние од холивудскиот филм „Денот на независноста“

Сепак полицијата тврди дека се работи за измислици и дека до нив не стигнал никаков извештај за НЛО објекти.

Инаку, видеото по грешка е емитувано од срана на Малезиската национална новинаска агенција.

Разумно објаснување е дека снимката е лажна и дека веројатно е направена поради малезискиот ден на анезависноста кој се одбележува на 31 август.