Фудбал
2. April 2023 - 20:05

Њукасл го надигра Манчестер Ј.

Дербито за позициите кои водат во ЛШ помеѓу Њукасл и Манчестер Ј. им припадна на домашните фудбалери кои заслужено славеа со 2-0 против големиот ривал. 
 
Црно-белите играа подобро во поле но дури во 68-та минута Вилок го надмудри одличниот Де Хеа. Печат на победата стави Вилсон во самиот финиш со што сега Њукасл и Манчестер Ј. го делат третото место но Њукасл има подобра гол разлика.