„Њујорк Тајмс“: Трамп му рекол на Лавров дека Коми е „лудак“
Американскиот претседател Доналд Трамп за време на минатонеделната средба со рускиот министер за надворешни работи Сергек Лавров во Вашингтон, му рекол дека разрешениот директор на Федералното истражно биро (ФБИ), Џејмс Коми е „лудак“, објави „Њујрок Тајмс“.
Според весникот, Лавров наводно му рекол на Лавров дека со разрешувањето на Коми „го отстранил големиот притисок“ со кој се соочил во врска со актуелната истрага за врските на членови на неговиот изборен штаб со Русија пред ланските претседателски избори.
- Само што го отпуштив шефот на ФБИ. Беше луд, вистински лудак. Се соочив со голем притисок поради Русија. Тоа сега е отсрането, наводно изјавил Трамп во разговорот со Лавров.
„Њујорк Тајмс“ ваквото тврдење го базира на документ со прибелешки од разговорите, кој наводно на весникот му го доставил „неименуван американски висок претставник“.
Веродостојноста на овој документ не може да се потвради, а засега ниту Белата куќа не реагираше на ваквите наводи на весникот.
Ново на Сител
-
Во Велика Британија одложени десетици летови поради густата магла
-
Приведен 72 годишен демиркапиец за вознемирување малолетничка
-
Укината забраната за ТТВ на патниот правец Тетово – Попова Шапка
-
„Супер годината на избори“ донесе зајакната позиција на жените лидерки во ЕУ
-
Најстудено на Попова Шапка, најмногу снег во Маврови Анови
-
Скијачки центар Михајлово се отвора вo среда, најавен и превоз од Кавадарци
-
ОН одобри нова мировна мисија во Сомалија
-
Јамал: Ќе се вратам уште посилен по повредата