Кошарка
22. August 2023 - 11:01

Њујорк Никс поднесоа тужба против тренерот на Торонто и уште 13 други лица

Њујорк Никс поднесоа тужба против 14 лица поради кражба на доверливи информации. Меѓу обвинетите се наоѓа и новиот тренер на Торонто Репторс, Дарко Рајаковиќ.

Челниците на тимот од „Големото јаболко“ сметаат дека српскиот стручњак заедно со неговите соработници Икечукву Азотам и Ноа Луис украле доверливи информации од оваа франшиза.

Азотам наводно зел илјадници датотеки.

„Тоа се многу доверливи документи, тоа се извештаи од натпреварите, статистичка книга од минатата година, снимки од нашите скаути, но и други работи. Никс сметаат дека ова е прекршување на сите можни правила, договори и граѓанското право, така што тие мораа да поднесат тужба“, пренесуваат локалните медиуми.

Како што се наведува во самата тужба, Рајаковиќ го користел Азатом за да ги добие информациите.

„Со цел подобро да се подготват за работата, Рајаковиќ и неговите соработници го искористија Азотам и неговата позиција во Никс за да добијат информации што ќе им помогнат да ги организираат Рапторс. Азотам си испратил преку електронска пошта неколку документи со информации за Никс“.

Од Њујорк истакнуваат дека биле принудени на ваков потег.

„Овие снимки и материјали се од клучно значење за подготовката на нашиот тим, за предност против противниците, вклучително и Рапторс. Никс сериозно ја сфаќаат својата сајбер безбедност и ние се обидуваме да ги заштитиме доверливите информации“, сметаат од клубот.