Македонија
18. November 2019 - 12:12

Нивото на реките под просекот, најкритично кај Треска

Водостојот на сите реки, со исклучок на Вардар кај Скопје, е под просекот на ноември, покажуваат денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи.

Најкритична е ситуацијата со нивото на реката Треска кое е седумпати пониско од ноемврискиот просек, а тројно е пониско нивото на реката Сатеска кај Ботун. Кај останатите реки, водостојот денеска е речиси за двапати понизок од просекот.

Кај езерата нема поголеми промени споредбено со ноемврискиот просек. Мало отстапување има кај Дојранското Езеро кое е за околу два сантиметри над просекот.