Ниту едно прваче во 137 хрватски училишта
Демографската состојба во Хрватска е драматична, а за тоа показател е дека годинава во дури 137 училишта не е запишано ниту едено дете во прво одделение, јавуваат денеска хрватските медиуми. Според нив, најлоша е ситуацијата во Славонија.
Според привремените податоци од Канцеларијата на државната управа од јуни годинава, дури 137 основни училишта во Хрватска во новата училишна година не запишале ниту едно прваче. Поради тоа, но и затоа што имаат малку ученици во другите одделенија, според информација потврдена во Министерството за наука и образование, 12 подрачни училишта ќе бидат привремени затворени се додека не се подобри ситуацијата со бројот на ученици. За споредба, минатата година бројот бил помал – само осум училишта биле затворени заради празни школски клупи за деца во прво одделение, јави „Гласот на Славонија“.
„Врз основа на добиените информации за бројот на запишани првачиња во регионалните училишта во нашиот округ, точно е дека во 12 регионални училишта не се запишало ниту едно прваче. Сепак, регионалните училишта не се затворени и нема да бидат затворени затоа што има ученици во други одделенија”, наведуваат од Секторот за образование.
Ново на Сител
-
Различни мислења за есенската кошница: Замрзнување на цените или зголемување на производството?
-
Митева: Наместо пренос на електрична енергија, МЕПСО спонзорирал спортски клубови
-
Студентите реагираат на зголемените трошоци, тече вториот уписен рок на државните универзитети
-
Преглед на вестите од светот
-
Заемот од Унгарија пред пратениците
-
ВМРО-ДПМНЕ: Во МЕПСО се трошело без усул
-
Оризарите обвинуваат, ориз од увоз се дакларира и продава како кочански
-
Полначи за електрични возила на југот од Македонија