Ниту еден македонски универзитет на Шангајската листа
На врвот на најновото рангирање на универзитетите во светот во 2024 година на Шангајската листа и натаму се универзитетите од САД Харвард, Стенфорд и Институтот за технологија Масачусетс (МИТ). На листата меѓу првите илјада универзитети во светот и годинава нема ниту една македонска високообразовна установа.
Во првите десет, само два се од Европа, и тоа британските Кембриџ, на 4-то место и Оксфорд на шестото место.
Од регионот, Белградскиот универзитет се најде на позиција помеѓу 401-500 место, односно бележи пад од минатата година кога беше рангиран помеѓу 301-400 место. Во меѓувреме, Универзитетот во Нови Сад се задржа на позиција помеѓу 901 и 1.000 место.
На позиција помеѓу 401-500 место се најде Универзитетот во Загреб и Универзитетот во Љубљана на 501-600 место. Истовремено, на листата оваа година се најдоа шест грчки универзитети, меѓу кои најдобро рангиран е Атинскиот помеѓу 301-400 место. Освен македонски, на Шангајската листа нема ниту еден универзитет од Бугарија и Албанија.
Шангајската листа се објавува од јуни 2003 година. Повеќе од 2.500 универзитети се вклучени во академското рангирање на универзитетите во светот секоја година, а се објавуваат најдобрите 1.000.
Ново на Сител
-
Фросина Кулакова е 22-годишната девојка усмртена кај „Силбо“
-
74-годишник со остар предмет се заканувал на соседи во Карпош
-
Поведена дисциплинска постапка против Вишиот јавен обвинител на Скопје и еден јавен обвинител од истото обвинителство
-
Таравари: Жалам што за скандалот со Онкологија нема судски епилог
-
Нови 1.878 случаи на грип, вирусот најактивен во Кавадарци и Дебар
-
Општина Велес и годинава продолжува со исплата за новороденче по 3000 денари
-
Анкета на КСПС: Граѓаните ги оценија судските услуги со 3,1
-
Во источна Турција измерени минус 34 степени Целзиусови