Ништо не ја навестуваше трагедијата утрово: Маж го запре автомобилот среде улица, пукаше во сопругата, а потоа во себе
На аголот од улиците Јуриј Гагарин и Душан Вукасовиќ околу 8.20 часот дошло до пукање, кога мажот Д.Р. (37) испалил куршуми кон сопругата Т.Р. (37), па во себе.
Нивните фотографии на социјалните мрежи не укажуваат дека постоеле проблеми меѓу нив.
Делуваат како среќни родители на малечката Исидора (8), а Т.Р. работела како директорка на една претшколска установа во Добановци. Сепак кавгата која избила утрово во автомобилот заврши кобно.
Мажот по кавгата која избила во службеното возило на жената, наводно го запрел возилото среде улица, ја отворил совозачката врата и испукал кон жената неколку истрели во стомак, а потоа си пукал во глава.
Полицијата го блокираше овој дел од градот. Итната помош веднаш реагираше, но состојбата на повредените се уште не е позната.
Според непотврдени информации, мажот е пренесен на реанимација во Ургентниот центар и е во критична состојба.
Несреќната жена е сместена во болницата на Бежанијска коса и наводно е во стабилна состојба.
Ново на Сител
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона
-
Ѓорческа не го помина второто коло на фјучрсот во Копер
-
Хамилтон: Ќе се тркам долго откако ќе наполнам 40 години, Ферари не е нешто краткорочно
-
Продолжуваат кампањите за претседателските и парламентарните избори
-
Протест на вработените во културните институции поради неисплаќање на мартовската плата