Николовски: Зад нас е најуспешната сезона во енергетскиот сектор
Зад нас е најуспешната сезона во енергетскиот сектор.
СДСМ преку Владата и институциите презеде ефикасни и навремени мерки за справување со последиците од светската енергетска криза.
Во рамки на грејната сезона 2022/2023, за месеците од октомври до март, имаме вкупно домашно производство на електрична енергија од над 2,7 милиони MWh.
Само во споредба со претходната грејна сезона тоа е зголемување на вкупното производство на електрична енергија од 45 отсто.
Пропаднаа сите лажни сценарија на ВМРО-ДПМНЕ со кој го плашеа народот дека ќе има рестрикции, дека цената на електричната енергија ќе расте за 50 до 60 отсто, дека енергетскиот сектор ќе пропадне.
Електрична енергија, гас и парно имаше постојано цела грејна сезона.
Како дополнителна потврда за доброто менаџирање, обезбедивме поевтина електрична енергија за училиштата, градинките, јавните комунални претпријатија, граѓаните не добија повисоки сметки за струја, а за 72.000 компании цента на електрична енергија се намали за 20 отсто.
Паралелно сме предводник во инвестирање во обновливи извори на електрична енергија со цел да ја зголемиме енергетската независност на државата.
За само петнаесет месеци од 1 јануари 2022 до 31 март 2023 година, инсталиран е 192 MW вкупен капацитет од обновливи извори, односно доволно електрична енергија со која може да се задоволат потребите на домаќинствата со просечна потрошувачка од десет градови или околу 76.000 домаќинства.
Сонцето ја носи државноста, но и енергетската независност. Сето ова почитувани е патриотизам на дело.
Инвестициите во енергетиката се инвестиции во сигурна и стабилна иднина, економски раст и придвижување кон зелената економија.
Ние се грижиме за граѓаните и државата, затоа продолжуваме посветено со одговорни енергетски политики!
Прес-конференција на Дарио Николовски, член на ЦО на СДСМ
СДСМ - Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-
Македонија старее, лани населението е намалено за 4.140 лица
-
Отворено прашањето за етничката застапеност
-
Мицкоски: Нема да тече мед и млеко по уставните измени
-
Хермелини се оспособуваат за гаснење пожари на тешко пристапни места, кажа премиерот Мицкоски
-
Го згазил мотор под прозорецот каде што живеел, на пешачка патека на скопски кеј - возачот избегал
-
Предметот за „Пулс“ е донесен во Кривичниот суд, следи оцена на обвинението
-
Собраниска расправа за ребалансот, поднесени над 200 амандмани
-
Во Кичево ќе се гради нов Клинички центар