Николовски: ВМРО-ДПМНЕ сега бара причина како да ги прекине неуспешните блокади
„ВМРО-ДПМНЕ најавуваше дека масовно ќе излезат на терен на терен, но никаде ги нема“, вели генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски на партиска трибина во Прилеп, коментирајќи ги последните блокади на опозицијата, додавајќи дека „два дена не издржале“. Според Николовски, иако ВМРО-ДПМНЕ најавувала протести, им се случил дебакл со 14 возила и 13 луѓе, но и тие им „издишале“.
Според него сега ВМРО ДПМНЕ бара причина како да ги прекине неуспешните блокади.
- Јасно е, народот не сака блокади, не сака кочење, не сака сопки на татковината. Затоа граѓаните шест пати го казнуваат Мицкоски на избори и ќе продолжуваат да го казнуваат, затоа што секој граѓанин гледа и знае дека тоа е партија работи против државните и национални интереси, партија која само ги брани криминалците во своите редови, истакна Николовски.
Ново на Сител
-
Таткото на 15-годишникот што управувал со автомобил во кој е пронајдено оружје добил кривична
-
Украинските хакери го нападнаа рускиот мобилен оператор „МегаФон“
-
Украинската армија собори 46 руски дронови и две ракети
-
Се запали автобус на ЈСП во Сопиште
-
МФ: „Стандард и пурс“ ги потврдуваат напорите на Владата за забрзување на економскиот раст
-
Хамас ослободи четири припаднички на израелската армија
-
Ниту еден од кандидатите за претседател на Грција не го доби потребното двотретинско мнозинство во Парламентот
-
Почина Дражен Далипагиќ